Добро познатиот бренд кој датира повеќе од 25 години на домашниот пазар и пошироко – 100% сончогледово масло за јадење „БИСЕР“ го одржува високиот квалитет и заслужената доверба на своите потрошувачи. Од 2023 година стана дел од Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица – Северна Македонија.
„БИСЕР“ е висококвалитетно, 100% природно и рафинирано сончогледово масло за јадење кое се користи за готвење, пржење и печење. Исто така, може да се користи за подготовка на салати, преливи и мајонез.
Богат е со витамин Е и полинезаситени масни киселини. Ги содржи природните карактеристики на семките од сончоглед од кои се произведува.
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 850 ml
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС.
Палета: 60 пакети / 720 шишиња
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 905 ml
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС..
Палета: 60 пакети / 720 шишиња
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 1 L
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС..
Палета: 60 пакети / 720 шишиња
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 4.750 L
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС..
Палета: 36 пакети / 144 шишиња
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 5 L
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС..
Палета: 36 пакети / 144 шишиња
Име: Рафинирано сончогледово масло
Пакување: PET шишиња од 10 L
Рок на траење: 12 месеци во затворени садови, со температурен опсег до 30ºС..
Палета: 36 пакети / 72 шишиња
Основни карактеристики на маслото „БИСЕР“:
– Висока содржина на витамин Е, кој има антиоксидативно дејство.
– Поволен состав на масни киселини – доминантни се линолната есенцијална масна киселина и олеинската масна киселина, што укажува на висока хранлива вредност на маслото.
– Без штетни транс-масни киселини.
– Без адитиви за стабилност.
– Пакувањето се врши под заштитена атмосфера, со што се обезбедува трајност на маслото.
Сончогледовото масло за јадење „БИСЕР“ се произведува во технолошки најсовремената фабрика. Тимот од висококвалитетни инженери и техничари, напредната технологија контролирана според стандардите IFS и долгогодишниот епитет „масло број 1 во Северна Македонија“ се гаранција за високиот квалитет на сончогледовото масло „БИСЕР“.
Сончогледовото масло под брендот „БИСЕР“ е спакувано во неколку различни (PET) пакувања.
Нашата компанија располага со капацитети за производство, полнење и испорака на рафинирано сончогледово масло под името на вашата трговска марка (ПЛ).
– Рафинирано сончогледово масло,
– Медитеранска мешавина од рафинирано сончогледово масло и екстра маслиново масло,
– Рафинирано масло од репка,
– Рафинирано масло од соја,
– Рафинирано масло во цистерни,
– FLEXITANK за транспорт на храна.